,

(ФОТО) Убави и модерни паж фризури за пролетта

Паж фризурите се популарни веќе долго време, но тие не излегуваат од мода во скоро време. Тие се слатки, свежи и на прекрасен начин го истакнуваат лицето на жената. Постојат многу начини да ја стилизирате модерната боб фризура. Класична боб фризура ќе ве стави во центар на вниманието каде и да одите, па ако сакате да бидете забележани секаде, само напред и копирајте ја фризурата која најмногу ви се допаѓа. Овие фризури ги носеле познати легендарни дами од минатото како Коко Шанел, Луси Брукс, Елизабет Тејлор. Ако имате убав врат и вилица тогаш боб фризурата е идеална за вас. Ако вашето лице е тркалезно долга паж фризура може да биде подобар избор. Постојат многу варијанти на оваа фризура кои може да ги пробате. Без разлика дали имате фина или густа коса, рамна или виткава, бидете сигурни дека боб фризурата е вистински избор оваа пролет.