(ФОТО) Ѕирнете во домот на најпознатата холивудска русокоса Рис Витерспун

Раскошниот дом во Лоа Анџелес Рис Витерспун го уредила по свој вкус. Со луксузни детали, кои не недостасуваат, овој имот издишува со удобна атмосфера. Ѕвездата на наградуваната серија „Мали лаги“ Рис Витерспун по долготрајни и напорни снимања и проекти на кои работи, слободното време со задоволство го поминува во својата оаза на мир, пространата куќа во Пацифик Палисадес. Ова рајско катче се сместило до најпознатата калифорниска плажа Санта Моника. Токму таму Рис ја изградила својата куќа од соништата во која е забележлив нејзиниот јужен карактер. https://www.instagram.com/p/BbZ7DJ4DNdL/?utm_source=ig_embed Иако медиумите не ги пуштила официјално внатре, на својот профил на Инстаграм често објавува фотографии на кои се гледа убавината на нејзиниот дом. https://www.instagram.com/p/BVdCRTDhMZX/?utm_source=ig_embed Уште при самиот влез на имотот во очи паѓа големата темноплава врата со стаклени рабови и симпатични детали кои упатуваат добредојде на сите гости. Од друга страна на големата врата се наоѓа простран ходник во кој преовладуваат неутрални нијанси. https://www.instagram.com/p/BJszxEwAJ6Q/?utm_source=ig_embed Сивите теписи му даваат чистина на просторот, но и доза на топлина, која често користените мермерни плочки не би можеле да ја дадат. https://www.instagram.com/p/Bc0RZXCDQza/?utm_source=ig_embed Светлите тонови и пастелни нијанси продолжуваат и во дневниот претсој, во главното собиралиште на семејството. Актерката таму покажа како со елеганти парчиња многу лесно се комбинираат разни дезени. Како и кај повеќето богати Американци, во дневната се сместил и големиот камин кој на просторот му дава доза топлина. https://www.instagram.com/p/Bch1t5_j7H4/?utm_source=ig_embed Но она во што сигурно ќе се вљубите на прв поглед е пространата кујна со нежно сиви бои. https://www.instagram.com/p/BNNCUNrg3X9/?utm_source=ig_embed Доза на старински печат на оваа кујна и даваат горните стаклени елементи на ормарчиња. https://www.instagram.com/p/BXb7r5YhSfY/?utm_source=ig_embed Просторијата која најдобро ја покажува личноста на познатата холивудска актерка е нејзината спална соба, во која владее свежина и удобност. Големиот брачен кревет е преполн со перници, од кои на некои ги гледаме и иницијалите на актерката , ѕидни тапети во пастелни тонови, како и задниот дел од креветот со интересни дезени кои ја дополнуваат романтиката. https://www.instagram.com/p/BNXFEhxgP-g/?utm_source=ig_embed Бидејќи живее во делот на Америка во кој домовите на славните се многу пространи, а ретко кој нема градина и двор, исклучок не е ниту Рис. https://www.instagram.com/p/BJWAIY2Agun/?utm_source=ig_embed На една од фотографиите се забележува надворешниот базен околу кој има зелена површина. https://www.instagram.com/p/BWDWyM1B-uJ/?utm_source=ig_embed