(ФОТО) Љубовната приказна на принцот и актерката: Како Хари знаеше дека Меган е вистинската?

Принцот Хари (33) и холивудската актерка Меган Маркл (36) во понеделникот ја објавија својата веридба како и датумот за венчавка и медиумите не престануваат да пишуваат за нив и се трудат да дојдат до секоја ситница за тоа како се развила нивната љубовна приказна. „Во Меган се заљубив неверојатно брзо и тоа беше потврда дека конечно се сложија сите ѕвезди. Се беше совршено“, искрено раскажува Хари во интервју за БиБиСи. Како што потврдила двојката, се запознале преку заедничка пријателка, а после само два состаноци одлучиле заедно да го поминат одморот во Боцвана, а во септември оваа година прв пат заедно се појавија во јавноста во Торонто. [caption id="attachment_7046" align="aligncenter" width="640"] Profimedia, Goff Photos[/caption] Позирајќи им на медиумите во градината на Кенсингтонската палата со својот вереник. Меган на медиумите горделиво им го покажуваше вереничкиот прстен со три дијаманти кој го дизајнирал самиот Хари. Средниот дијамант е од Боцвана, а двата помали од страните потекнуваат од колекцијата на неговата покојна мајка Диана. [caption id="attachment_7047" align="aligncenter" width="640"] Profimedia, Spread Pictures[/caption] „Мајка ми сигурно би била пресреќна да не види заедно. Затоа и сакав на некој начин и да биде и таа со нас на ова лудо животно патување“, искрен е принцот, кој поради својот малку бунтовен стил е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. „Иако не ми беше судено да ја запознаам мајката на Хари, важно ми е да знам дека и таа е дел од сето ова“, рекла убавата Меган за БиБиСи. [caption id="attachment_7049" align="aligncenter" width="640"] (Photo by Eddie Mulholland-WPA Pool/Getty Images)[/caption] Актерката раскажала и дека принцот ја запросил во момент кога заедно печеле кокошка. Иако многу фанови очекувале дека убавата Меган и понатаму ќе ја гледаат на филмското платно, идната војвотка објави дека повеќе нема да се занимава со глума и дека веројатно ќе и се посвети на хуманитарната работа. https://www.youtube.com/watch?v=LQicq60aJaw