(ФОТО) Louis Vuitton x Supreme-детска колекција

По креирањето на многубројни колекции за жени и мажи, сѐ повеќе луксузни брендови се одлучуваат за претставување на детски модни линии. Откако на неодамна одржаната ревија во Париз Louis Vuitton претстави колекција на патики, за прв пат во историјата на брендот, модната куќа не застана со изненадувањата. На ред дојде и новата колекција облека и обувки за деца, исто така креирани во соработка со street style брендот Supreme. Новата линија за најмлади е практично иста како за возрасни, што ја прави специјална. За креирање на мала облека е користен автентичниот Louis Vuitton x Supreme тексас од кој се добиени фармерки, јакна и качкет со логоата на двата бренда и препознатливиот Louis Vuitton монограм. Од сега и вашето дете може да изгледа луксузно и тренди.