,

(ФОТО) Work Style: Шест комбинации за работа инспирирани од стилските Скандинавки

Швеѓанките, Норвежанките и Данските дами спаѓаат во најдобро облечени дами во светот. Затоа често сакаме да се инспирираме од нивните комбинации. Деловните комбинации зависно од расположението и вид на работа умеат да бидат прилично еднолични и предвидливи, а тоа во модниот речник значи голем минус и едвај преодна оценка. Добро, одредени дрес код правила на работа ве ограничуваат често на basic облека, додека луѓето кои работат во модната и креативна индустрија имаат дефинитивно најдобри бизнис изданија! Меѓутоа, тоа не значи дека и во деловните комбинации не можете да изгледате како да сте тргнале на снимање едиторијал. Детали, текстури и кројот ја прават таа разлика, а тоа најдобро го знаат суперстилизираните Скандинавки кои можеби имаат и најдобар изглед за инспирација во сферата на деловниот стил. Ние малку ѕирнавме на улиците во Стокхолм и избравме шест изданија кои може да ве инспирираат за #workstyle.