,

(ФOTO) Колекција венчаници на ELIE SAAB за есен 2018

Либанскиот дизајнер Elie Saab фокусот го става на традицијата и слоновата боја во својата најнова колекција за венчаници за есен 2018. Од тоалети кои поседуваат должина на коктел фустани, до драматични речиси балски кроеви, овие венчаници вклучуваат сатен, чипка, вез итн. Убавината е секако и во деталите како арабеска декоративни елементи кои овие фустани ги прават неверојатни класики.

Elie Saab уште еднаш покажа колку е искусен познавач на жената за која тој еден ден е важен настан во животот, како што е венчавката,  кога сака да изгледа традиционално, но толку современо.

Во понудата се и голем број велови проѕирни или со богат вез кои се атрактивен дел од секоја венчаница.

Интересно е и дека фотографиите од оваа колекција се снимени на театарска сцена, што на симболичен начин укажува дека секоја невеста мора да биде ѕвезда во претставата која ја игра тој ден.

А невестата во фустан со потписот на Elie Saab, тоа и е дефинитивно.