,

(ФOTO) Направете божиќен чокер

Чокер како накит кој е многу популарен кај младите девојки , може да се изработи од различни материјали и на различни начини.  Во духот на празниците обидете се да направите нешто мошне интересно, се што ви треба е неколку декоративна лента, монистра, метални стегачи за лента, синџирче, закачувачи, лизгач за прерамка, конец и клештички. Од самиот англиски назив во буквален превод би било како ланче кое „дави“, односно ланче кое е „залепено“ на вратот, па затоа лентата која ја користите треба да ја измерите околу вратот. Интересен разигран чокер со пом пом топчиња е многу лесен за изработка. Земете лента со пом - пом топчиња и на краевите поставете метални стегачи. На едниот стегач ставете закачувач, а на другиот метален стегач ставете синџирче. Еден вид на чокер, кој би им се допаднал на помладите е со привезок елка. Земете карирана лента и на едниот крај поставете метален стегач на лентата. Потоа протнете лизгач на лентата и наместете го на средината. На вториот крај поставете го вториот метален стегач на вториот крај на лентата. На лизгачот ставете две алки од синџирчето, а на крајот ставете го привезокот со елка. Третиот чокер е исто така лесен за изработка. Земете една кадифена лента и на краевите ставете ги металните стегачи, синџирчети и закачувачот. Потоа земете три вида на монистра едни поголеми топчиња монистра, плосната монистра и поситни топчиња монистра. На конец протнете ги по распоред големата монистра, плоснатата па малата. Протнете го конецот на крајот на лентата. Неколку вака нанижени монистри протнете ги на исто растојание. Овие празници  бидете спремни и интересни, како и малку поразлични од останатите.   За Женски Магазин идеите ги прави Ана Јордановска-апсолвент на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер