,

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ: Закачете јакна на дрво и помогнете му на некој да ја преживее зимата!

Хуманитарна акција која подразбира на дрвјата да се закачат зимски јакни за социјално загрозените граѓани ќе се одржи наредниот месец во Скопје. Оваа акција веќе е одржана во земји од регионот, а во Македонија ќе се одржи од 4 до 6-ти декември во период од 13 до 18 часот. „Идејата е собереме јакни кои не ни требаат, но на некој друг можат да му значат и да ги оставиме во центарот на градот и во околината за да на секој кој му треба топлина би можел да се згрее во овие студени ноќи и денови“, пишува во повикот за акцијата на Фејсбук. Во зависност од бројот на соберени јакни, дел ќе им биде поделен на бездомниците, а остатокот ќе биде предаден на места каде веќе се собираат донации за загрозените граѓани. „Закачете ја својата јакна на било кое дрво-сигурно ќе ја најде некој на кој му треба топлина“, велат организаторите.