Буковски: Луѓето кои сите ги сакаат, не го менуваат светот

„Ако се случи нешто лошо, пиете за да заборавите. Кога ќе се случи нешто убаво, пиете за да прославите. А кога ништо не се случува, пиете за да се случи.“ 

„Ако нешто сакате да направите, одете до крај. Во спротивно, подобро и да не почнувате.“ 

„Некои луѓе никогаш не полудуваат. Она што всушност е страшно, е каков живот тие живеат.“ 

„Сите ќе умреме, сите! Каков циркус! Само ова треба да не натера да се сакаме едни со други, но тоа не се случува. Се тероризираме со глупости.“ 

„Разликата меѓу диктатура и демократија е тоа што во демократија прво гласате, па потоа добивате наредби, а во диктатурата не мора да губите време со гласање.“