,

Четкар со концерти во САД

По успешниот концерт во Скопје, Владимир Четкар замина за САД каде го очекуваат неколку концерти во Њујорк, Детроит и Кливленд.   На 31 Јануари, среда, Четкар се враќа на Тајм сквер со концерт во прочуениот Њујоршки клуб BB king Blues Club каде редовно настапуваат некој од најзвучните имиња во светот на фанк, блуз и соул музиката. Четкар во Би Би Кинг ќе настапи во Лусилс (Lucille’s) која е помалата сцена на Би Би Кинг Клубот. Во петок на 2 Февруари,  Четкар ќе настапи во Кливленд, Охајо во клубот Nighttown кој според магазинот Down Beat е еден од водечките џез клубови во светот, а наредниот ден сабота 3 Февруари, ќе одржи концерт во Детроит во џез клубот Jazz Café Detroit кој се наоѓа во историскиот Music Hall. На сите концерти Четкар ќе свири своја авторска музика и ќе предводи интернационален септет во кој ќе членуваат американски, јапонски, мексикански и холандски музичари.