,

Шопинг лудилото Black Friday започнува денеска во Пенти и НББ

Ниски цени од денеска за сите љубители на модата кои сакаат да се дел од урбаната приказна на продавниците Пенти и НББ по повод овогодинешниот Black Friday. Во сите продавници на Пенти низ Македонија, купувачите ќе имаат можност да купат килоти од 79 денари, како и памучни чорапи по цена од 29 денари. Најголем дел од асортиманот на женска и детска долна облека и пижами е од 20% до -50%. Омилените тренди дезенирани хулахопки на Пенти се намалени до 40%. За класичните хулахопки пак следува 20% на секое второ парче или 50% на секое трето парче, со тоа што попустот се пресметува на најевтиниот артикл. Посетете ги Пенти продавниците на добро познатите локации во Сити Мол, Рамстор Мол и на Широк сокак во Битола. [gallery size="full" ids="6400,6401,6402"] „Нашите верни потрошувачи на Пенти и НББ имаат можност да бидат дел од големата светска акција Black Friday којa ќе започне денес и ќе трае и во текот на викендот. Попустите се движат од 20% до 50%, може да купат од разни колекции и да направат комбинации за секоја пригода. Ги покануваме да ги задоволат своите вкусови со нашиот асортиман“ велат од Де-Та Дејан. Во НББ продавницата во Сити Мол добивате попуст на целата сметка, односно за сметки над 500 денари добивате 10%, над 1000 денари 20% и за секоја сметка над 1.500 денари добивате 30% попуст. [gallery size="full" ids="6404,6405,6406"] Количините на производите се ограничени, а акцијата завршува на 26ти ноември.