,

Шоуто на Диор- вистински надреален сон: Колекција Пролет 2018

Модната куќа Диор оваа година своето модно шоу го одржи во музејот Родин во Париз, каде присуствуваа сите модни инфлуенсери и блогери, како и светските познати личности. Во првите редови беа забележани Ева Херцигова, Кјара Ферањи, Емили Блунт и уште многу други. Многумина се прашуваа дали станува збор за модно шоу инспирирано од светскиот уметник Салвадор Дали, каде низ целата сала висеа огромни кафези кои асоцираа на филм од Хичкок, драматични бели завеси, шаховски под, детали кои го доловија целокупниот свет на надреализам. Но, во едно беа сите согласни дека Диор уште еднаш докажа зошто е на врвот во модниот свет сѐ уште, и дека со секое негово модно шоу ги надминува своите и очекувањата на модниот свет. Креативниот директор на Диор – Марија Грација Кјури оваа година се фокусираше главно на две бои – црната и белата, каде и самиот моден настан дишеше во овие две бои, додека нејзината главна инспирација беше надреализмот. Надреализмот зборува за соништата и за несвесното и често за женските тела, па не е ни изненадувачки што креативниот директор на Диор Марија, ја има пронајдено својата инспирација за колекцијата токму овде, а во самите креации главно преовладува polka dot мотивот како и црно-белата боја. Во прилог ги издвојуваме за вас најинтересните креации од модното шоу на Диор. За Женски Магазин, Нина Беадер  Fb strana : https://www.facebook.com/BeaderHristina/ Web Strana: https://ninabeaderblog.wordpress.com/