Што зборуваат мажите за своите поранешни?

Што говорат мажите за своите поранешни и што тоа всушност значи? Од неговите зборови може да ја откриете насоката на врската. На овој начин може да го запознаете подобро. Пам Спур, стручно лице за љубовни односи открива на што треба да обратите внимание.

1. Мојата поранешна никогаш не ме задоволи 

Оваа изјава не е добра. Тој не може да биде добар љубовник, ако својата поранешна девојка или сопруга не може да ја мотивира на некое средно ниво водење љубов. Тоа може да значи дека како љубовник е себичен, зема, а не дава. Тактика за совладување: Откријте му со заводнички тон што ве возбудува. Наведете го да ви ги открие деталите за она што го возбудува. 

2. Сѐ беше нејзина вина 

Ова не е добро, затоа што укажува дека не презема никаква одговорност за крајот на врската. Тоа што го зборува укажува дека не е спремен за одговорност, што може да донесе товар на ваш грб. Тоа може да стане напорно Тактика за надминување: Од почеток бидете сигурни дека тој го извршил својот дел од работата. Директноста е најдобар начин за решавање на проблемот. 

3. Секогаш одбирав погрешни девојки 

Ова веројатно е дел од стратегијата вас да ве прикаже како совршен избор, што може во иднина да стане и лош избор. Овој став може да укаже на перфекционизам. Тактика за совладување: Предизвикајте го. На пример ако ви приговара за времето за пријателите, укажете му дека тие постоеле и пред него, а ќе постојат и по него. 

4. Не верувам никому повеќе

Заради нив сум ранлив Топ тактика: Сопрете го секогаш кога ќе започне да зборува за недовербата и несигурноста. Укажете му дека не мора се да сфаќа лично. 

5. Поранешната сакаше чудни работи 

Она што тој го гледа како чудно, може да биде и нешто вообичаено. Луѓето имаат различни перцепции и очекувања. Топ тактика: Не срамете се да му укажете што сакате. Правете го тоа полека и сензуално 

Извор The Sun