Што му правите на вашиот организам само со една цигара дневно?

Само една цигара дневно го зголемува ризикот за создавање на коронарни болести за 48% во однос на непушачите, при што кај жените ризикот од срцев удар е повеќе од двојно поголем во однос на жените кои не пушат.

Научници од Лондон заклучиле дека луѓето кои пушат една цигара дневно имаат за 46% помал ризик од срцев удар во однос на луѓето кои пушат 20 цигари, додека ризикот од мозочен удар е за 41% помал во однос на пушачите кои пушат по 20 цигари дневно.

„Не постои безбедно ниво на пушење кога се во прашање кардиоваскуларните болести. Ако сакаат да си го зачувате здравјето, потребно е пушачите во потполност да  прекинат со пушењето, а не да го намалат бројот на цигари“- вели доктор Алан Хаксоу, лидер на истражувањето.

Оние кои пушат само една цигара дневно се надеваат дека со тоа појавата од здравствени проблеми ќе им се сведе на минимум.

Тоа е точно единствено во случај на рак на белите дробови, каде постои 95% помал ризик од создавање на оваа болест во однос на луѓето кои пушат 20 цигари на ден.