Ѕирнете во домот на италијанскиот моден креатор Роберто Кавали

Како изгледа домот на најпознатиот моден креатор Роберто Кавали? Модерено, луксузно, удобно.

Домот на модниот креатор кој се наоѓа во Тоскана е вистински рај за љубителите на ентериерот. Целата куќа е исполнета со класичен тоскански шарм, а елементите се направени од дрво и камен.

Живописните бои на домот му даваат богат и уникатен изглед. Затворениот базен, мермерните подови и перниците обложени со ткаенина од изминатите колекции на Кавали, се само некои од луксузните детали на оваа прекрасна вила.