Јанева доби признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот

Специјалната јавна обвинителка доби високо признание за најдобар шеф на обвинителство на Балканот, а специјалното јавно обвинителство го доби признанието „Најдобро обвинителство на Балканот“, објави Макфакс. Признанијата во име на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљанаим ги врачи потпретседателот на советодавниот одбор на ИФИМЕС, Ернест Петрич, кој е поранешен член на Уставниот суд на Словенија. Јанева се заблагодарила на признанието. Истакнала дека покрај секојдневната поддршка од граѓаните на Македонија ова признание ќе биде  поттик и дополнително охрабрување за идната работа на СЈО.