Јане е ХЕРОЈ

Јане има 9 години. Сака фудбал. Многу. Очите му светкаат кога ќе се спомне зборот фудбал. Јане е силен. Не, тоа е мал збор за да ја опишеме неговата личност. Тој е моќен. Полн со ентузијазам. Неговата животна филозофија е “да не се предава” и дека сите треба “да ги следат своите соништа”. Врзан е за количка, но сепак неговата желба не го спречува да го игра омилениот спорт фудбалот. Неговиот инвалидитет не го спречува да игра фудбал. Тој е прв на игралиштето кога неговите другари одат да играат и тој е последната линија на одбрана во неговиот тим, бидејќи игра на голот. Јане е многу отворен и гласен. Тој ужива да им дава насоки на одбранбените играчи и да им кажува кого да маркираат, и сето време е јасно колку неговите соиграчи го почитуваат неговиот авторитет. 9-годишниот Јане Велковски е од Скопје. За него фудбалот е се во неговиот живот. “Го играм на видео игри, го играм во двор и го играм на училиште. Фудбал играм секаде.”-вели Јане. Приказната за силниот Јане кој има болест на мусклите која го спречува да оди, ја објави УЕФА. “Кога играм фудбал се чувствувам еднаков, убаво ми е бидејќи можам да учествувам во играта,” вели тој. “Убаво ми е дека можам да ја водам екипата, дека можам да победувам и дека сум капитенСреќен сум кога победуваме и тажен сум кога губиме.” Јане е вистинска мала сензација во Македонија. Неговата популарност почна да расте кога за прв пат се појави како придружба на репрезентацијата на Македонија на квалификацискиот натпревар против Шпанија во јуни. Но, една слика од УЕФА Супер Куп натпреварот во Скопје неколку месеци подоцна, која беше вистински хит на социјалните мрежи и во локалните медиуми, навистина го привлече вниманието во земјата. Животната филозофија на Јане е “да не се предава” и дека сите треба “да ги следат своите соништа”. И покрај тоа што има само девет години, Јане покажува неверојатна зрелост за некој толку млад. Она што е централно за неговата личност е несомнената желба да се постигне невозможното и да се направи сѐ за да се постигне незамисливото. „Понекогаш, кога играм фудбал, заборавам дека сум во мојата електрична количка,” вели тој. „Се замислувам себеси како постигнувам голови како Роналдо и некогаш речиси заборавам дека не можам да одам.” Животната приказна на Јане прочитајте ја  ТУКА: