Џокси: Имам полипи на гласните жици, одбив да се оперирам

Еден период не можев ниту да говорам. Се одлучив за алтернативно лекување. Има подобрување, ама не е тоа што беше. Ќе биде тешко, открива докажаниот музичар Со авторски концерт, Џина Папас Џокси годинава требаше да одбележи четири децении од почетоците на неговото творештво, но јубилејниот проект го одложува за некои подобри времиња, откако неодамна се соочи со голема животна промена.   [caption id="attachment_4337" align="aligncenter" width="651"] Џокси на ланското издание на фестивалот „МАРС“ ја доби специјалната награда за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика[/caption] - Се лекувам од полипи на гласни жици. Ми се нарушија плановите и сите активности поврзани со мојата музичка кариера се пролонгирани за некое друго време. Еден период не можев ниту да говорам. Ми предлагаа операција, но се одлучив за алтернативно лекување. Има подобрување, ама не е тоа што беше. Ќе биде тешко–открива познатиот музичар. Џокси на ланското издание на радиофестивалот „МАРС“ ја доби специјалната награда за особени заслуги во развојот, популаризацијата и афирмацијата на македонската музика. Докажаниот пејач, автор и инструменталист во таа прилика изјави дека е изненаден од потегот на организаторот токму тој да го добие престижното признание „трајни вредности“, нагласувајќи дека има уште време за зголемување на својот музички опус. Една година подоцна, сепак признава дека откако ќе се рехабилитира добро ќе размисли дали има поента за сериозен камбек на естрадата. - Нема леб од музика. Мора да чекаш избори, па да се отепаш од врски за да уловиш некое евро кое подоцна ќе ти го извадат на нос. Секоја чест на народњаците кои имаат добар континуитет со кафеани, свадби, веселби, крштевки. Тоа е исплатлива, но макотрпна работа. Единствено тие можат да се пофалат дека заработуваат и оние кои професионално се занимаваат со музика, пред сè солистите на сериозната музика. И тие немаат некоја лесна работа, но фаќаат понекое евро ако настапуваат надвор од државава – искрен е Џокси. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов   Преземање на текстот е можно само со дозвола од редакцијата на Женски Магазин