Џоли: НАТО да се вклучи во борба против силувањето како оружје на војната

Насилството над жените и децата, посебно сексуалното насилство, е се почесто обележие на војната, вели американската актерка.

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за бегалци, Анџелина Џоли, во средата го повика НАТО да помогне во борбата против сексуалното насилство кое се користи како оружје во конфликтот.

Со тоа оваа холивудска ѕвезда ја прошири меѓународната кампања за заштита на женските права.

Џоли го посети сирискиот бегалски камп во Јордан оваа недела и предупреди за тешкотиите на тие луѓе и во средата предупреди за силувањето како оружје за војна за време на посетата на седиштето на Организацијата на Северноатлантскиот сојуз во Брисел на состанокот со воените команданти.

„Насилството врз жените и децата, особено сексуалното насилство, се повеќе е карактеристика на војната“, рече Џоли на конференцијата во седиштето на НАТО, одржано со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Силувањето се користи како оружје за постигнување воени или политички цели. Погодува мажи и момчиња, како и жени и девојчиња“, кажа Џоли.