Џулија Робертс има силна порака за вас

Познатата холивудска актерка Џулија Робертс им се обрати на жените. Ги моли сите да заземат поактивна позиција и да престанат да обрнуваат внимание само на надворешната убавина, на штета на самите себе и својата природа..

Совршенството е болест на многу нации. Ги криеме лицата со тони шминка. Редовно користиме ботокс и се прегоруваме со идеалната величина. Се обидуваме да го исправиме тоа што не треба да се поправа. А всушност, она со што треба да се занимаваме како приоритет, останува без нашето внимание. Знаете ли што е тоа? Тоа е нашата душа. Нејзе ѝ треба и нега и грижа. Дојде време да се занимаваме со неа. Бидете искрени, како може да ве сака некој, ако не се сакате самите себе? Ако ја скривате својата надворешност, зарем може да се каже дека сте задоволни со себе? Не. Сакам јасно да се разбере: не е важно како изгледаш однадвор, туку дали си празен внатре. Денес сакам да кажам: нема веќе да се шминкам. Не сакам да се шминкам, затоа што се уморив од носењето на нечие туѓо лице. Време е маските да се фрлат. Знам дека имам брчки, ама сакам да се гледаат. Тоа сум јас. Вистинската. Сакам да ме прифатат таква каква што сум.