1 Декември-Светски ден за борба против ХИВ/СИДА
1 Декември-Светски ден за борба против ХИВ/СИДА

1 Декември-Светски ден за борба против ХИВ/СИДА

Денес, 1 декември, се одбележува Светскиот ден за борба против сидата и тоа е шанса луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, покажат поддршка кон луѓето кои живеат со ХИВ/СИДА и да се сетат на оние кои починале.

Светскиот ден за борба против сида прв пат е одбележан во 1988 година и е прв глобален ден за здравјето. Денес науката доста напредна во терапијата за ХИВ и постојат закони кои ги штитат лицата кои живеат со ХИВ. Но и покрај тоа, луѓето воглавно не знаат како да се заштитат себе и другите од ХИВ и стигмата и дискриминацијата останаа реалност за многу луѓе кои живеат со ХИВ. Светскиот ден за борбата против сида е важен да ја потсети јавноста и владите дека ХИВ не исчезнал-дека постои и понатаму витална потреба да се соберат средства, подигне свеста, победат предрасудите и да се подобри образованието.

Иако овој ден е добра шанса пошироката јавнност да почне да зборува за тоа и да се спроведе знаењето во акција, не смееме да заборавиме колку е важно да се јакне свеста за ХИВ во текот на цела година.

Како можете да го поддржите Светскиот ден за борбата против СИДА?

-Со подигање на свеста на луѓето за ХИВ и сида во својата околина.

-Носењето на црвена панделка и предложување на другите лица да го направат истото.

-Така што ќе се заштитите себе-ова е примарен и најважен начин да се запре ширењето на ХИВ.

-Ако мислите дека постои причина – тестирајте се на ХИВ.

-Црвената панделка е меѓународен симбол кој ја одразува свеста за постоење на ХИВ/СИДА

Триесет години после првите случаи на ХИВ, црвената панделка е универзален симбол на свест и поддршка на оние кои живеат со ХИВ. Луѓето ги носат во текот на цела година, а посебно во време на 1 Декември-Светскиот ден зн борба против HIV/AIDS како би ја изразиле својата загриженост за ХИВ и сида и луѓето кои живеат или се опкружени со нив.

Црвената панделка е прва панделка која стана симбол и подоцна инспирираше разни верзии како што е на пример, розевата панделка за борба против рак на дојка.

Речиси деценија после појавата на ХИВ, во 1991 година, група од 12 уметници се собрале како би создале визуелен израз на разбирање за луѓето кои живеат со или се загрозени со ХИВ и тоа со цел како би ја подигнале свеста и навеле луѓето да зборуваат за ХИВ. Смислиле единствено решение кое подоцна стана најпрепознатлив симбол на деценијата-црвена панделка. Ја одбрале црвената боја бидејќи е силна и воочлива, симболизира страст, срце и љубов, и е во облик кој е лесно да се направи.

На почетокот, уметниците сами ги правеле и делеле панделките  по Нујоршката уметничка сцена и веќе после неколку недели, светски познати актери зборувале за значењето на панделката и почнале да ги носат по разни церемонии за доделување награди како што е Оскар. Медиумите исто така пружиле поддршка и набрзо симболот на црвената панделка стана препознатлив во цел свет. Не постои официјален облик на панделка, и како и многу луѓе можете сами да ја направите. Без разлика на обликот и големината, пораката која ја праќате е иста-порака на поддршка и разбирање за луѓето кои живеат со ХИВ или сида, и грижа и посветеност во борбата против ХИВ.

Create Account



Log In Your Account