10 женски особини кои ги освојуваат мажите

Секој маж е различен, па го привлекуваат различни особини кај жените. Сепак, постојат некои особини, кои ги препознаваат скоро сите мажи 

Самодоверба 

Мажите сакаат нивните жени да имаат самодоверба, некој кој без страв ќе влезе во просторија полна со луѓе и ќе воспостави контакт со очи. Со вакви жени пожелно е дружењето, од тие на кои постојано им треба афирмација. Убаво е повремено да барате поддршка или да се потпрете на својот маж, но ако тоа го правите постојано, ќе станете досадни и зависни. 

Смисла за хумор 

Никој не сака да биде со некој кој постојано е сериозен и напорен. Мажите сакаат жените да се смеат на нивните шеги, но и само да раскажуваат вицеви. Не сакаат некој кој е песимист и постојано има негативно мислење за сè. Жените кои се весели и позитивни, им се допаѓаат на сите, не само на мажите. 

Дотерани дами 

Изгледот е важен, тој и ги привлекува кај жените. Мажите ги сакаат женствените девојки, веројатно затоа што крај нив се чувствуваат мажествено. 

Независност 

Оваа особина е привлечна за поголем број мажи. Им се допаѓаат жени кои имаат свој живот. На мажите им годи женското внимание, но имаат и потреба за простор за себе. 

Разбирање 

Мажите сакаат дами кои ќе ги разберат, некој кој нема да се жали постојано. Мажите сакаат жената да ги почитува нивните уверувања. Бараат партнерка која ќе ги разбира, почитува и поддржува. 

Искреност и лојалност 

Нормално дека секој сака некој кој нема да го лаже и ќе биде верен. Мажите сакаат девојки кои нема да флертуваат со нивните пријатели. Сакаат нивната партнерка да биде на нивна страна, без оглед на сѐ. 

Зрелост

Детскиот говор може да биде симпатичен, повремено. Мажите главно сакат жени кои се однесуваат зрело, во согласност со годините. Жената според нив, треба со нив да разговара нормално, да биде интересна и не премногу гласна.

Грижливост

Мажите дефинитвно сакаат жени кои се грижат. Сакаат мали гестови, како готвење, галење, бакнеж на брзина. Тие се чувствуваат убаво кога жената обраќа внимание на нив. Сепак, без претерување. Не сакаат втора мајка. 

Поддршка

Мажите сакаат поддршка, посебно кога ќе се одлучат за долгорочна врска. Им треба некој кој ќе ги слуша, без да ги исмее или омаловажи. Некој кој ќе даде објективен совет и во чие друштво ќе изгледа добро. 

Релаксираност 

Мажите бараат опуштени партнерки. Напнатите не им се допаѓаат. „Девојката од соседството“ е најомилена, посебно кога ќе се одлучат за сериозна врска. Мажите сакаат жени кои знаат да се опуштат, кои се лежерни и знаат да уживаат.