10 работи кои детето до 10-тата година треба да ги научи од родителите

Да се одгледува детето не е лесна работа. Со себе тоа носи серија сомнежи, тешкотии, но исто така и неколку прекрасни моменти кои се меморирани низ животот. Секој од нас сака своето дете да биде добро, љубезно, искрено, сочувствително, храбро. Сепак, овие прекрасни карактеристики нема да се појавуваат од никаде. На нив треба да се работи и да се биде упорен. Пред да порасне вашето дете или да започне возрасна авантура, научете го некои работи за животот за кои ќе ви биде благодарно подоцна. 
  1. Сите сме еднакви и секој треба да го почитуваме 

 Без разлика на полот, годините и финансиската ситуација, кон секого треба подеднакво да се однесуваме и да имаме почитување. Кон другите треба да се однесуваме онака како што и ние би сакале тие да се однесуваат кон нас. 
  2. Немој да се плашиш на сопствените грешки 

 Учењето од сопствените грешки е составен дел од животот, и тука нема ништо лошо. Никој не е совршен и грешки на секого може да му се случат, па затоа не треба да се плашите од нив. 
  3. Знаењето е поважно од оцената 

 Ова е и тоа како важна лекција за учениците. Децата треба да знаат дека знаењето и оцените не се иста работа, односно дека оцената не е секогаш одраз на знаењето. Исто така, важно е децата да бидат свесни дека знаењето е многу поважно од оцените. 
  4. Родителите не ти се непријатели, побарај ја нивната помош 

 Да станете пријател на сопственото дете не е лесно, односно постои тенка граница помеѓу таквото пријателство и родителството. Но, дајте му до знаење на вашето дете дека може секогаш да ви се довери, дека секогаш ќе бидете негова потпора, односно избегнувајте да му се обраќате со висок тон. 
  5. Секогаш биди подготвен/а да стоиш на својот став 

 Секако дека е важно да ги почитува другите, но исто така е важно да ги брани сопствените ставови и да не им дозволува на другите да го искористуваат. Не само што детето не би требало да се чувствува несигурно, туку би требало да почувствува дека неговото мислење е ценето и дека е важно. 
  6. Немој да го правиш она што не го сакаш само заради популарност 

 Децата често мислат дека популарноста помеѓу врсниците е една од најважните работи, па затоа прават сѐ за да ја здобијат. Но, децата мораат да знаат дека работите како искреноста и почитувањето се многу поважни од тоа и од барањето туѓо одобрување кое всушност и не е важно.
  7. Ако нешто не разбираш, прашај Поставувањето на прашања и љубопитноста треба да се потенцираат уште од мали нозе. Секогаш е подобро да поставите прашање доколку нешто не разбирате, отколку да се правите дека сѐ ви е јасно. Со тоа нема да постигнете ништо корисно, туку само можете да си го скратите знаењето.
  8. Ако не се чувствуваш добро, кажи му го тоа на наставникот 

 Некои деца се плашат да му пријдат на наставникот и да му кажат дека не се чувствуваат добро. Важно е да ги научите децата дека здравјето е на прво место, а не оцените и стравот од тоа дека ќе го привлече непосакуваното внимание од врсниците или пак дека ќе го разлути наставникот. 
  9. Почитувај ја околината 

 Почитта кон природата е подеднакво важна како и почитта кон другите личности. Родителите треба да постават пример кој децата ќе можат да го следат целиот свој живот. Загадувањето на околината, кршењето на гранките и уништувањето на цвеќињата никако не треба да се одобруваат. 
  10. Сосема во ред е да кажеш „не“ 

 Важно е детето да им кажува „не“ на своите врсници, возрасните, па дури и на родителите. Градењето силен карактер и личност е многу важно, бидејќи тогаш ќе биде многу потешко да се манипулира со детето. Исто така, оваа лекција добро ќе му послужи и како возрасна личност.