,

100. изведба на претставата „Стјуардеси“ во Театар Комедија

На сцената на Театар Комедија во 20 часот ќе се одигра 100. изведба на претставата „Стјуардеси од Марк Камолети. „Стјуардеси премиерно беше изведена на 6 декември 2013 година и од тогаш претставата ја виделе над 32.000 посетители. Пиесата-класична фарса на францускиот драматург Марк Камолети со оригинален назив Боинг-Боинг е влезена во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција. На јубилејната, веќе распродадена изведба на „Стјуардеси“ публиката, ќе ги види маестралните изведби на Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска“. Претставата „Стјуардеси“ е во режија на Синиша Евтимов, кој како хитмејкер, по „Вардарски пастуви“, на сцената на Театар Комедија ја подготвува својата трета премиера предвидена за декември, со наслов „Жена ми се вика Борис“, од францускиот драматург Рафи Шарт.