ОРИЗ: Користете го за кожа, за електроника, за играчки, за чистење

Oсвен за исхрана и за подготовка на јадења, оризот може да се користи за повеќе намени. Ја подмладува кожата Водата во која сте вареле ориз е добра за нега на вашата кожа. Кога ќе се излади ставете ја во фрижидер и искористете ја во рок од три дена. Потоа нанесете ја оризовата вода со раце или со помош на памук на вашето лице, оставете ја кратко да дејствува и измијте ја кожата. За оваа намена се препорачува да се користи кафеав ориз, затоа што тој е побогат со витамин Е, и вашата кожа ќе добие здрав сјај. За чистење на шишиња Со оризот може да чистите шишиња, вазни и друга стаклена амбалажа и украси. Само ставете неколку лажици ориз во шишето кое сакате да го исчистите и додадете малку топла вода. Оставете го да кисне околу 10 минути, а потоа протресете го силно неколку пати и на тој начин ќе се исчистат сите дамки. Ориз во боја за играње Оризот во боја кој може да се користи за украс или за играње се направи многу лесно. Ставете го оризот во пластична ќеса во која ќе додадете малку 70 % алкохол и боја за храна по ваша желба. Затворете ја ќесичката и протресете ја. По некое време извадете го оризот надвор и оставете го да се исуши. Вака избоениот ориз може да го наредите по боја во тегли и да го користите како украс или да им го дадете на децата за со него да си играат или да прават интересни колажи. За електроника Доколку мобилниот телефон ви падне во вода, можете многу лесно да го спасите така што најпрво ќе му ја отстраните батеријата, а потоа во еден подлабок сад ќе го посипите со ориз. На тој начин влагата од телефонот ќе се апсорбира во оризот без да настанат никвави оштетувања во него. За домашно  креирање на играчки Оризот може да биде одлична замена за пластичните топчиња со кои се полнат кадифените играчки за деца или за домашни миленичиња. Само наполнете ја со ориз, сошијте ја и вашата играчка е подготвена за играње.