,

2017 била женска година во филмскиот свет

За првпат по 1958 година, трите филмови со најголема заработка на боксофисот имаат женски главен протагонист. На првото место со најголема заработка во САД и светот се најде новото продолжени на „Star Wars“ франшизата, „Star Wars: The Last Jedi“, кој ја имаше Дејзи Ридли во главната улога. Овој филм само во САД успеа да заработи 517 милиони долари, а на светско ниво заработи повеќе од милијарда во краткото прикажување досега. Второто место го зазема хитот на Disney, „Beauty and the Beast“, во кој Ема Вотсон се појави во улогата на Бел. Филмот заработи 504 милиони долари во САД и преку милијарда во светот. Веднаш зад него се најде првиот филм со жена суперхерој на DC, „Wonder Woman“, каде во главната улога се појави Гал Гадот. Заработката од 412 милиони долари во САД и преку 900 милиони долари низ светот го направи филмот со трета најголема заработка во годината.