21 Бубамара во 21 век: ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Златна бубамара ги започна подготовките за најновото издание на најпопуларното и најочекувано музичко-сатирично шоу. Еве го нивното соопштение, упатено до јавноста по тој повод: Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите. Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува - добра забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот! ЧАКАМ ТЕ ДА ДОЈДЕШ, ЧАКАМ ТЕ СОС БУЈНА СТРАСТ – Нова власт, со иста сласт Златна Бубамара ќе се одржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски. Дојдете заедно да аплаудираме, пееме и да се насмееме со најпопуларните ѕвезди од Македонија и Западен Балкан. Патни трошоци не ви признаваме, а за другото ќе разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!! Музичкиот спектакл ќе се одржи на 24. февруари, а традиционално - сценариото, наградените и учесниците се наше дискрециско право.