,

28 книги ќе се натпреваруваат за „Роман на годината“

„Крадец на воздишки“ од Александар Алексов, „Некои бладања од војната “ од Митко Апостолов, „Круг“ од Димитар Башевски, „Патешествие низ виденијата на апостол Јован“ од Мите Гошев, „Манастир Фуентерабија“ од Јагода Михајловска Георгиева, „Заспаните убавици“ од Сашо Димовски, „Се гледаме наскоро, Е.“ од Драгана Евтимова и Владимир Лукаш се дел од романите кои ќе се натпреваруваат за „Роман на годината“  за 2017та. Вкупно 28 книги влегуваат во трката а тие се пријавиле на конкурост кој траеше еден месец, од 15 декември до 15 јануари. Конкурсот годинава првпат е во организација на фондацијата „Славко Јаневски“ а добитникот на „Роман на годината“ за 2017-та ќе биде соопштен на 15 март.