50.000 евра за фестивал на албанска песна, трипати помалку пари за „Макфест“

За штипскиот фестивал кој се одржува повеќе од три децении Министерството за култура одобри 1 милион денари. Идентична сума одвои и за Фестивал на песни и ора во организација на Здружението „Кенго Јехо“ од Струга Министерството за култура одвои скоро 50.000 евра (3 милиони денари) за фестивалот на албанска песна „Евент“ што го организира Културно уметничкото здружение „Евент 2012“ од Тетово. Според одобрената сума, овој проект за актуелната власт е од поголем национален интерес во културата за 2018 година од „Макфест“, „Фолк фест Валандово“ и „Охрид фест-Охридски трубадури“ кои имаат на располагање многу поскромни буџети за реализирање на програмата. Вкупно за сите три фестивали Министерството за култура одобри речиси идентична сум со онаа што ќе ја има на располагање тетовскиот фестивал. [caption id="attachment_17261" align="aligncenter" width="585"] Не можам да зборувам за средства кои Министерството ги одобрило за други проекти. Тоа е нивна проценка и став, вели Кирил Панајотов, координатор на „Макфест“[/caption]   За 33-то издание на „Макфест“ Министерството за култура одобри нешто повеќе од 16.000 евра (1 милион денари), а толку пари ќе добие и фестивалот на песни и ора во организација на Здружението „КенгоЈехо“ од Струга. Во Штип годинава ќе се одржи и „Радиски рок и џез фестивал“ во мултимедијалниот центар Канал 77. За овој настан Министерството одвои солидни 8.000 евра. „Женски Магазин“ стапи во контакт со Кирил Панајотов, вработен во Општина Штип и координатор на фестивалот кој не сакаше да ги коментира резултатите од годишниот конкурс. - И досега фестивалот добивал малку средства, а егзистира повеќе од три децении. Во секој случај сме благодарни што и овојпат добивме поддршка, без разлика на сумата. Не можам да зборувам за средствата кои Министерството ги одобрило за другите културно-уметнички манифестации. Тоа е нивна проценка и став. Не можам да дадам видување за проекти кои не знам што содржаат – ни изјави Панајотов кој ни откри дека наскоро ќе биде објавен конкурс за нов уметнички директор на „Макфест“ кој ќе се одржи во октомври. [caption id="attachment_17262" align="aligncenter" width="319"] Не сум ги видел резултатите и не можам да споредувам. Знам дека има голема врева, негодување дека некои суми се претенциозни, ни изјави Живојин Глишиќ, новиот уметнички директор на „Фолк фест Валандово“ [/caption] Помалку пари на располагање ќе има и новото раководство на „Фолк фест Валандово“. За еден од најстарите домашни фестивали што ја негува народната песна се одобрени помалку од 30.000 евра (1,8 милиони денари). Колку за споредба, КУД „Џезинг арт“ за тетовскиот фестивал „Џез фест“ доби скоро 25.000 евра (1,5 милиони денари) помош од државата. - Не сум ги видел резултатите и не можам да споредувам. Знам дека има голема врева, негодување од луѓе дека некои суми се претенциозни, преголеми. Од моето назначување на функцијата уметнички директор поминаа само неколку дена и во оваа фаза не можам да ви кажам ништо повеќе – ни изјави професорот на музичката академија Живојин Глишиќ. [caption id="attachment_17263" align="aligncenter" width="450"] Копров: Одобрената сума е потценувачка за јубилејното 25-то издание на „Охрид фест“ [/caption] (Само 100.000 денари Министерството за култура одобри за јубилејното 25-то издание на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој го имаат пренесувано националниот руски канал „Московска шансона“ и турскиот национален сервис „ТРТ“, а со години се реемитуван и на петнаесетина телевизии од целиот Балкан. - Потценувачка е сумата во споредба со парите кои се одобрени за некои други фестивали. По кои критериуми одлучувала комисијата како да се распределат народните пари ако се земе в предвид фактот дека „Охрид фест-Охридски трубадури“ е единствениот фестивал на популарна македонска музика кој одамна ги надминува границите на нашата земја. На сите телевизии кои нè пренесуваат на почетокот на секоја фестивалска ноќ се емитува репортажа за убавините на Охрид. На тој начин, нашиот туристички бисер и Македонија воопшто добиваат одлична бесплатна реклама – објаснува Копров. За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов