„Благослов мој, љубов мајкина, мајка е секогаш до тебе“: Маја Вукичевиќ емотивно за 30 –тиот роденден на синот Горазд

Поранешната пејачка Маја Вучевиќ која неколку години живее и работи во Австралија, објави фотографија со нејзиниот син Горазд.

Поводо е неговиот роденден, па Маја како и секоја мајка за своиет деца му посака само убави работи.

„Благослов мој, љубов мајкина Горазд Гого Вукичевиќ. Среќен 30-ти роденден. Биди ми жив и здрав и нека Бог ти ги отвори сите патишта кои се наменети за тебе. Мајка е секогаш до тебе“, напиша Маја во описот на фотографијата.


Овој месец на 8-ми април и Маја славеше роденден.

Судејќи од фотографиите кои ги објавува на социјалната мрежа Фејсбук, Маја ужива во животот во Австралија со нејзиниот син.

Фото: Фејсбук

Те родив на 20 години, пораснавме заедно: Маја Вукичевиќ ја отвори душата