,

Brownies

Здраво јас сум Маја и јас сум ЧОКОхолик. Нема ништо повкусно од чоколадо. Торта, кафе, колач што и да е, чоколадно да е. Нормално се трудам да најдам здрави алтернативи, но постојат и cheat days. Оваа недела ќе печам Браунис со ореви. Денешниот рецепт е its a must. Потребни состојки: 200 гр. Темно чоколадо 100 гр. Путер (може кокосов) 4 јајца 100 гр. Кокосов шеќер или кафен 100 гр. Ореви 30 гр. Какао (15%) 60 гр. Брашно од спелта 1 л. Прашок за печиво 1 ванила стапче Прстофат сол и цимет Вклучете ја рерната на 170°C. Тавчето (20×20) обложете го со хартија за печење. На пареа растопете ги путерот и чоколадото. Додека се ладат јајцата и шеќерот, изматете ги заедно. Откако чоколадната смеса ќе биде изладена ( на собна температура) истурете ја во јајцата и додадете ги сувите состојки. Промешајте убаво рачно да добиете хомогена смеса. На крај додадете ги оревите насечкани на парчиња, промешајте и ставете да се пече околу 25 мин. Кората треба да е испечена, а внатре да е постикичепкалката да не излезе сува. Задолжително за овој колач е да го оставите целосно да се олади, пред да го исечете и послужите, во спротивно ќе ви се распадне. Чекам слики и коментари. Bon apettit Мали совети: Секогаш просејте ги брашното, какаото и печивото. Доколку не ставате темно чоколадо ставете 50 гр. шеќер во спротивно ќе биде преблаг. Оревите може да се заменат со лешници или бадеми.     За Женски Магазин готви Маја Зивчевиќ