Бучковски за вонредната состојба: Од нас зависи дали ќе ни се ограничи движењето, пензионерите не смеат да се шетаат по паркови

Професорот на Правниот факултет Јустинијан Први, Владо Бучковски објаснува дека со вонредната состојба се дава можност Владата да носи уредби со законска сила.

„Тоа значи дека ограничувањето на движењето на граѓаните може да биде и законски уредено“, вели Бучковски.

Дали ова ќе значи дека граѓаните нема да смеат слободно да се движат, професорот објаснува дека тоа ќе зависи од начинот на кој тие ќе се однесуваат.

„Ако веќе сите знаеме дека повозрасните граѓани се најзагрозена категорија, недопустливо е деновиве да имаме полни паркови со пензионери. Не може оправдување да биде тоа дека ги мами топлото време. Тие не смеат да не ги почитуваат владините препораки да се седи дома“, вели Бучковски.

Затоа, доколку недисциплината продолжи, Владата ќе смее да прогласи во одреден период од денот забрана на движењето на граѓаните, или во текот на целиот ден, смета професорот, додавајќи дека тоа ќе зависи од нашето однесување. Односно, полициски час би можел да се прогласи во половина од денот, а во половина да биде слободно движењето.

Тој советува дека граѓаните мораат да се движат со заштитни маски и ракавици, а во тој дел власта мора нив да ги обезбеди за оние граѓани кои се уште не ги набавиле. 

Целото интервју прочитајте го на ФАКТОР.