Burberry носи уличен фазон во колекцијата за есен-зима 2017
Burberry носи уличен фазон во колекцијата за есен-зима 2017

Burberry носи уличен фазон во колекцијата за есен-зима 2017

Креативниот директор на англискиот бренд Burberry, Кристофер Бејли, носи големо влијание врз уличната мода во Burberry колекцијата за есен-зима 2017 прикажана на London Fashion week.

Акцентот на колекцијата е ставен на препознатливата карирана шара, но во прашање се целосно поинакви модни вибрации. Карактеристичната шара е транспонирана на огромните „tote“ ташни, капути, парки и „тренчкот“ мантили во разновидна и колоритна палета.

Слоевитоста доминира на колекцијата за претстојната есен и зима. Burberry жената знае како да го искомбинира плетивото и војничките модни акценти или блузата со шарен градник. Доколку посакате да изгледате женствено, Burberry нуди провидни тоалети и здолништа со везени детали.

Стајлингот на ревијата бил дополнет со качкет и карирани шарпи како неизбежни шик аксесоари.

Create Account



Log In Your Account