,

Цеца во потполност ми веруваше во создавањето на креација за неа: Македонскиот дизајнер Златко JZJ открива детали од соработката

„Цеца е многу кул и „нормална” и потполно ми веруваше“ - Златко JZJ.

Кога си добар во тоа што го рабтиш, и кога на истото тоа му се посветуваш со љубов, тогаш успехот не познава граници - а доказ за тоа е и македонскиот дизајнер Златко Јовановски, познат како JZJ.

Веројатно не постои поголемо признание за дизајнер, од тоа позната ѕвезда да носи негова креација. Во тој контекст, голема чест за дизајнерот Јовановски е што балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ одбрала да носи токму негова креација, и да ја претстави на концерт пред огромната публика која ја гледа.

Деновиве Цеца имаше концертен настап во Белград, каде одлучи да носи токму креација потпишана од JZJ, каде од разговор со него откриваме дека пејачката потполно му верувала и се препуштила на неговата креативност, па не беше изненадувачки што производот е извонредно парче кое буквално занемува, и заслепува.
Пејачката буквално блескаше во извајаниот комбинезон кој го истакна најдоброто од неа.

Женски магазин разговараше со Златко и ви откриваме како дошло до соработката, но и каква е Цеца приватно.

Како се случи соработката со Цеца, како се одвиваше?

- Цеца има свој стилист со кој што работи веќе подолго време, таа го видела мојот Инстаграм профил и ѝ се допаднала мојата работа. Ме контактираше за да направам нешто за Цеца по моја идеја.
После тоа договоривме термин и јас бев во Белград на проба. На пробата, креацијата беше 70% готова, а деталите и украсите кој што се работеа рачно, ги договоривме таму, на лице место - ни откри JZJ.

Имавте можност да ја запознаете во живо, каква е таа приватно?

- Цеца приватно е многу кул и „нормална” (ако можам така да се изразам) голем професионалец и ми беше драго што во потполност ми веруваше како дизајнер. 


Кој беше Вашиот мотив и инспирација создавајќи ја креацијата за неа?

- Мотив?! Па да се знае дека носи #jzjkingofsparkle и сјајот на костимот да можат да го видат и оние во прв ред, но и оние во стоттиот ред на концертот (хаха) .

Во претходните сезони на „Ѕвездите на Гранд“, Вашето име често се спомнуваше и добивте многу пофалби од Јелена Карлеуша, колку ви годеше тоа и дали еден ден би сакале и за неа да направите креација?

- Секако, Карлеуша е модна икона и некој кој што не фали некого често. Така да, се надевам дека и ЈК ќе носи нешто од мојот бренд во иднина.

На што работите периодов, имате ли планови за соработка со некоја друга ѕвезда?
Околу контактите со следните познати имиња, односно ѕвезди, јас мислам да не зборувам ништо предвреме, ја сум Лав во хороскоп кој што често се фали (хаха), а кога ќе се случи друга ѕвезда да носи моја креација сам ќе ви се пофалам (хаха)!

Периодов ги спремам скиците за колекцијата венчаници и колекцијата сценски костими. И за некој ден почнуваме со реализацијата на истите. Јас се надевам дека до крајот на 11-ти месец ќе можеме да ги претставиме на јавноста, нормално преку краток моден филм и фотосесија.

До следни успеси и проекти, погледнете во галеријата дел од крациите, од колекциите 2019 и 2020 на македонскиот дизајнер JZJ: 

Р.Ж.М