,

CHANEL READY TO WEAR колекција за пролет 2018

Карл Лагерфелд ни испорача уште една колекција за модната куќа Chanel за сезоната пролет-лето 2018 година. Инспириран од силуети од 20-тите години на минатиот век, германскиот дизајнер е фокусиран на заштитниот знак на оваа модна куќа-јакни од твид со реси, туники и здолништа. Секако, Лагерфелд не би го нарекувале крал на модните писти, кога не би ни ги прикажал и своите инвентивни новитети. Овој пат тоа беа јакни, чизми и ракавици изработени од провидни ПВЦ пластики.

На пистата исто така дефилираа манекенки во искинати џемпери и избелен џинс со везени детали. Според Лагерфелд, најдобар избор за вечерно излегување се бели фустани креирани од светликави ткаенини и сјајни декоративни детали.