Да бидеш убава на 20 години е подарок, да бидеш убава на 40 е внатрешна победа

Ми се допаѓа убавината на жените на 40 +. Таа е посебна. Жените не се случајно убави на оваа возраст. Нивната убавина е доказ за убава внатрешна состојба, животна мудрост и свесност. Добро одржуваното тело и нега на кожата не се доволни за да има жена изглед како Брук Шилдс или Џенифер Анистон. 

Често ми се случува да се загледувам во лицата на луѓето во градскиот метеж и да размислувам за тоа каква емоција го „запечатила" лицето на човекот. Можеш да видиш како тој најчесто се чувствувал во текот на годините - сомнителен и недоверлив, полн со завист или потсмев, лут и горчлив или упорно барајќи го убавото и во добри и тажни моменти, искрени и слободни (или барач на внатрешна слобода ). 

Се сеќавам како еднаш во метрото бев фасцинирана набљудувајќи една фина, женствена и „духовно елегантна жена", која, како сонце на мрачен ден, ја постави „заштитната маска" врз недовербата на луѓето околу себе. Не, тоа не значи дека овие жени се секогаш среќни или дека се следбенички на вештачкото позитивно размислување, дека не чувствуваат длабоко емоции (и радост, но и гнев или тага) или дека не ги забележуваат проблемите. 

Таквите жени се вистински себе си, и овозможуваат на негативната емоција да премине преку нив, да ја доживеат, сфатат , да најдат некаква смисла во неа и потоа да ја пуштаат да си замине. Нема како да не сте сретнале барем на  Фејсбук една ваква мисла „Не дозволувај раните да те претворат во она што не си / кое не сакаш да бидеш.“  

На тоа се должи убавината на жените над 40 - тие не оставиле раните да ја „загрозат" нивната душа. Тоа е победа на духот над горчината, предавството и провокацијата. Вистинско задоволство е да си во друштво на такви жени. Тие можат да бидат меки, топли и пријатни, но и тврди, категорични, диви и емотивни. Овие жени знаат кога да ја постават границата и кога стават крај на нешто што не вибрира на нивната фреквенција. Поголемиот дел од времето, нивниот ум и срцето се отворени за светот. Тие се провоцираат самите себе, не се заглавени во рутина, динамика и конзервативизам. 

Кога гледам слики од прекрасни 20-годишни модели им се восхитувам, но кога гледам слики од убави жени на над 40 години - не само што им се восхитувам, јас сум инспирирана!