ДНК со апел до властите: Предлагаат полициски час и со апел до родителите

Дуото ДНК, се огласи преку социјалните мрежи со предлог до Владата на Република Македонија и министерот за здравство Венко Филипче. Целиот текст Ви го пренесуваме во целост:

„Драги наши сограѓани,
За општото добро на сите нас имаме нешто да предложиме до Влада на Република Македонија и Венко Филипче за кои мислиме дека сите ќе се сложите и поддржите во ова барање.
Покрај ПОЛИЦИСКИ ЧАС, предлагаме на Влада ВЕДНАШ да се воведат ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА за движење на ВОДНО, КЕЈ, ГРАДСКИ ПАРК и сите останати помали и поголеми паркови и собиралишта кои се потенцијален извор на коронавирусот. Мерката за разбивање на повеќе од 5 групирани луѓе е СМЕШНА исто како што беше смешна и мерката скратено работното време ( 18ч ) за угостителските објекти. Ако немаме САМОДИСЦИПЛИНА карантинот место 3 ќе трае 6 месеци ( на сила ќе морате ), а исто така СФАТЕТЕ дека ќе УМРЕМЕ за ЛЕБ бидејќи кај 70% од граѓаните финансиите доаѓаат од приватниот сектор кој во моментов е пред КОЛАПС. Ставете прстот на ГЛАВА и НЕ ИЗЛАГАЈТЕ ОД ДОМА. Апел и до вас родителите еве ви момент да ги ВОСПИТАТЕ вашите НЕВОСПИТАНИ и НЕКУЛТУРНИ деца .
Со Почит
Панчо и Андреј
#СЕДИ_ДОМА #БИДИ_КУЛ #ПОМОГНИ_ИМ_НА_ЛЕКАРИТЕ“, напиша дуото на фејсбук.