Ewopharma – Швајцарската фармацевтска компанија која го освои македонскиот пазар!

Квалитетот на швајцарската производи одамна ни е познат, а за нивните резултати секогаш слушаме позитивни коментари.

Компанијата Ewopharma, основана во 1959 г, главно се фокусира на фармацевтскиот пазар во Централна и Источна Европа. Со самото присуство на Европскиот пазар повеќе од 50 години, тимот на Ewopharma кој брои над 260 висококвалификувани специјалисти, има веќе стекнато богато искуство и детално познавање на европските фармацевтски пазари. Кај нас, Ewopharma е присутна од почетокот на 2013-тата година.

Денес зборуваме со Бојан Гиевски – одговорен за финансии, логистика и усогласеност со прописи во Ewopharma AG.

Покрај неговите професионални обврски со Ewopharma, Бојан го паметиме и како Бојан - Сител Бамбинитв лице со коешто дел од нашите генерации пораснаа низ играта и песната на  емисијата за деца „Сител Бамбини“. Насмеан и професионален во секој поглед на зборот, уживавме во нашиот разговор со Бојан, во неговиот омилен кафе бар Локал 45 за којшто вели дека секогаш се чувствува како дома.

Женски Магазин Од неодамна сте дел од тимот на Швајцарската фармацевтска компанија Ewopharma, па кажете ни како е да се биде дел од една странска компанија која функционира на македонскиот пазар?

Б.Г. Благодарам за поканата, комплиментите и Вашата професионалност. Драго ми е што ќе имаме можност да си направиме убав муабет во пријатната атмосфера на Локал 45. Среќен сум што гледам дека има вистински професионалци, луѓе кои беспрекорно добро си ја познаат и вршат работата. Да се вратам на прашањето… За мене беше голем предизвик прифаќањето на понудата од Ewopharma Македонија. Долго размислував и ги мерев работите. Јас сум инаку дипломирам економист на департман финансиски менаџмент, и скоро, па магистер на департман логистика на бизнис, но и човек кој скоро три години работел во банка. Ми се случи голем пресврт кога се решив да заминам од банка и да почнам да работам во Ewopharma. Знаете, станува збор за сосема нова индустрија, во која важат сосема поинакви правила на функционирање отколку во банкарскиот свет. Но, од денешна перспектива, не се каам воопшто. Напротив, сметам дека направив добар потег. Одлично е да се работи во странска компанија како Ewopharma. Како што споменавте јас сум одговорен за логистиката, финансиите и усогласеноста со прописите (compliance) која е многу одговорна работа. Но, на крајот на денот, нема ништо поубаво од тоа кога знаете дека некој ви го вреднува и цени трудот. Јас сум среќен и задоволен од трансферот кој го направив бидејќи ова го сметам како еден голем чекор напред во мојата професионална кариера.

Женски Магазин Изобилувате со голем број на продукти, на македонската јавност веќе и се познати Revalid – линијата за негувана и здрава коса, како и BioGaia пробиотските капки за деца. Што друго ни нуди Ewopharma?

Б.Г. Многу сме среќни што интересот за BioGaia, пробиотските капки кои можат да се користат од првиот ден од раѓањето, е голем и многу сме горди поради тоа. Покрај нив од палетата на BioGaia производи, ги имаме и пробиотските таблети за оние деца постари од три години и сите возрасни индивидуи, кои се со вкус на јагода и лимон. Ја споменавте колекцијата за нега на коса Revalid која во својот состав содржи шампон, балсам, маска, тоник ампули и капсули. Од останатите производи кои се присутни на пазарот го имаме Antimetil, препарат на природна база со екстракт од ѓумбир, за сите оние кои имаат проблеми со желудникот, варењето на храната, но и мачнини при патување. Flexofytol е препарат кој во составот содржи био-оптимизиран екстракт од куркума кој ја зголемува флексибилноста во зглобовите, мускулите и тетивите. Lactil капсулите се додаток во исхраната од растително потекло. Комбинацијата на екстракт од анасон и коморач (сладок анасон) во производот Lactil го стимулираат создавањето на мајчиното млеко кај доилките и го олеснуваат варењето на храната кај бебето. Горе-долу тоа се дел од производите од широката палета на производи кои Ewopharma ги нуди на македонскиот пазар.

Женски Магазин Колку е тешко и што се е потребно за се обрати внимание од страна на клиентелата на еден нов производ на пазарот, додека конкуренцијата е сепак голема?

Б.Г. За мене, конкуренцијата е здрава работа. Јас сум среќен што има голема конкуренција на пазарот, бидејќи таа придонесува да работиме попрудуктивно, да бидеме покреативни и постојано да бидеме во трка со нови идеи и предлози и да направиме нешто подобро од тоа што го прават нашите конкуренти. Можеби ќе помислите дека Македонија е мал пазар, што до негде е точно ако се спореди со Америка на пример, но предизвикот е да успееш да се издвоиш, да те препознаат, и на мал и на голем пазар. Тоа се постигнува само со врвен квалитет. Ние луѓето сакаме да купуваат квалитетни производи, а особено кога се работи за нашето здравје. За жал, нема идеална формула да знаеме како ќе реагираат потрошувачите на пласирањето на еден нов производ, но наше е да се трудиме да го понудиме максимумот. Купувачите тоа знаат да го препознаат.

Женски Магазин Во тимот на соработници ја имате нашата најпозната водителка Лила Филиповска која го рекламира Revalid, која е пример за негувана жена во секој поглед. Дополнително, соработувате и со Наташа Мешковска, нашата најпозната олимписка претставничка и Марио Јовановски, персонален фитнес и online тренер кои се ваши бренд амбасадори за Flexofytol. Колку Вие сте задоволни од соработката со нив?

Б.Г.  Кога дојдовме на идејата дека треба да ангажираме локални ликови за промоција и реклама на дел од производите, некако сосема спонтано се наметнаа Лила, Наташа и Марио. За сите тројца имам само пофални зборови за нивната посветеност, соработка, како и мотивација со која се вклучија во проектот. Ние сме презадоволни од соработката со секој од нив поединечно. Лила е исклучителна личност, професионалец кој перфектно си ја познава работата. Многу е лесно да се соработува со неа, се договараме и заеднички ги креираме објавите на социјалните медиуми. Изобилува со креативни идеи. Вистински професионалец! Што да кажам за една дама како што е Наташа Мешковска, жената го има прошетано скоро цел свет, наша олимписка претставничка, плени со харизма и позитивна енергија, или за Марио Јовановски, млад и амбициозен човек, инспирација за сите нас?! Нив двајца ги вклучивме во проектот за Flexofytol и со нив буквално функционираме како тим. Владее таа спортска атмосфера на сплотеност, поддршка и тимска игра! Чест е што имаме можност да соработуваме!

Женски Магазин Сметате ли дека покрај одличниот маркетинг на еден производ, сепак најзаслужен е пред сѐ квалитетот?

Б.Г. Ова прашање некако се надоврзува на прашањето од пред малку. Ние можеме да ја креираме најдобрата маркетинг кампања, да потрошиме илјадници евра на реклами, билборди, објави во весници, ПР текстови, … но се тоа ни е џабе ако имаме неквалитетен производ. Маркетинг кампањата ќе го разбуди интересот на купувачот и тој еднаш ќе го купи производот од љубопитност за да види за што станува збор. Но, ако е неквалитетен производот, и купувачот не е задоволен тогаш тука завршува приказната. Квалитетот на производот е пресуден, а особено кога се работи за производи кои ги консумираме за нашето здравје. Тука нема дилема.

Женски Магазин Покрај професионалните обврски со Ewopharma, Бојан Гиевски го паметиме и како Бојан - Сител Бамбини. Ти недостасува ли присуството на ТВ, и дали можеби би се обидел повторно да водиш емисија?

Б.Г.  Помина прилично долго време, приближно 12 години, откако активно не сум присутен на ТВ, но горе-долу ме има во медиумите, промовирајќи различни проекти на кои имам работено до сега. Сител Бамбини беше проект на кој сум исклучително горд. Јас пораснав и созреав со таа емисија, но пораснав на еден сосема поинаков начин од моите врсници. И ден денес имам само убави спомени од тоа време. Сител Бамбини ми ги прошири хоризонтите, погледите и сфаќањата за многу работи. Стекнав и многу пријателства кои траат до ден денес. Така што, се ова што спомнав до сега можеби е одговор на прашањето дали ми недостасува присуството на ТВ. Да, веројатно да. Јас ја сакам телевизијата и магијата која ја носи со себе. Што се однесува до тоа дали би водел повторно емисија, имам многу размислувано на таа тема, би сакал да се вратам на ТВ дефинитивно, но со проект кој ќе понуди содржина и квалитет, а не со проект кој ќе користи само за пополнување на програмската шема. Сакам нешто издржано и зрело.

Женски Магазин Сте соработувале и сте биле дел од многу настани од јавен карактер. Кој е Вашиот омилен или ви оставил најголем впечаток?

Б.Г.  Хммм… Од сите настани во кој сум бил вклучен, дали како дел од организацијата или како водител, дефинитивно ќе морам да го издвојам „Вози Право Вози Здраво“, настанот во организација на Стопанска Банка АД Скопје. Две години по ред ја имам честа да бидам модератор на стартот на овој настан, и многу ме радува фактот што од година во година масовноста на настанот е се поголема. Ми се допаѓа овој настан бидејќи влијае на поттикнувањето на свеста за користење на алтернативните средства на транспорт, а од друга страна секој „Вози Право Вози Здраво“ завршува со донација на урбана спортска опрема за нашето Скопје. За мене ова е еден од подобрите проекти реализирани во последните години во нашата држава.

Женски Магазин Во која светска емисија и со кој светски водител би сакал Бојан да соработува?

Б.Г.  Лила Филиповска, вистински професионалец, светска, а наша 





                    

                    


                </div> <!-- end entry article -->






                




                <div class=