Eye Cue ќе ја претставуваат Македонија на „Евровизија“

Претставници на Македонија на „Евровизија“ оваа година ќе бидат Еye Cue. Македонските претставници на „Евровизија“ што ќе се одржи во Лисабон во мај ќе ја пеат песната Lost and found. Автор на песната е Бојан Трајковски, додека продукцијата е на Дарко Димитров. На јавниот повик што го распиша Македонската радио телевизија пристигнаа 382 песни од домашни и странски автори, а жирито составено од музички новинари и претавници на јавниот сервис ја избра песната на Eye Cue како наш претставник. Македонија во Лисабон ќе настапи во првото полуфинале што ќе се одржи на 8 мај.