,

Be Fabulous Texture Smooth идеален за вашата коса-ќе блескате како да сте на црвен тепих

Добриот изглед на секоја жена подразбира добар изглед на косата, а негата е првиот и основен чекор кон убавиот изглед на косата. Косата треба да се негува со производи кои овозможуваат хидратација, кои ја хранат и ја заштитуваат од штетните надворешни влијанија. Негуваната коса е полесна за стилиризирање, а модерно стилиризирана фризура дава помлад изглед. Токму затоа Revlon Professional® ја создаде новата, напредна колекција за нега Be FABULOUSTM,  а од неодамна ја збогати својата палета на производи со две нови линии и тоа: Be Fabulous Texture Smooth и Be Fabulous Texture Curly специјално дизајнирани за права, односно виткана коса соодветно . Be Fabulous Texture Smooth линијата, претставена преку шампонот и маската за рамна коса, е специјално дизајнирана и наменета за рамна коса. Овие производи содржат  глицерин и пантенол, како и хидролизирани растителни протеини кои што се борат против најголемите проблеми на рамната коса, а тоа се: распукани краеви, недостаток на сјај и оштетувања предизвикани од честото користење на пегла за коса. Шампонот Be Fabulous Texture Smooth темелно ја чисти косата и овозможува сјаен финиш со anti frizz  ефект, а маската ја храни кутикулата правејќи ја помазна и спречува испукување на краевите на косата. Be Fabulous Texture Smooth препаратите ја обновуваат косата, ja хидрираат, имаат anti age ефект и ја заштитуваат бојата на косата. На косата и даваат извонреден сјај и  здрав изглед, ја негуваат и ја прават лесна за обликување. Сите Be Fabulous производи може да ги купите низ цела Македонија во сите фризерски салони што работат со Revlon Professional производите.