(ФОТО) Дарко Димитров прослави со сопругата и со ќерките

Еден од најуспешните македонски композитори и продуценти, Дарко Димитров, по големиот евровизиски успех прослави со семејството. Еден од авторите на композицијата Proud со која Тамара Тодевска ѝ донесе историски успех на нашата земја, со сопругата Маја и со двете ќерки ретко се појавува во јавноста, па фановите беа пријатно изненадени од фотографијата која ја сподели на „Фејсбук“.