(ФОТО) Деа Ѓурѓевиќ ги покажа лузните: Ќе ги носам со гордост, тие се симбол на мојата победа

Водителката Деа Ѓурѓевиќ од Србија, која во февруари доживеа тешка сообраќајна несреќа, во која ѝ беше откината раката, го прослави својот 28-ми роденден.

Новите околности ја натераа Деа да го промени својот стил на облекување и високите потпетици да ги замени со рамни чевли, а гардеробата да ја прилагоди на ситуацијата со оглед на тоа што раката ѝ е во гипс.

Пред некое време таа се врати и на своето работно место и емотивно раскажа какви ѝ биле изминатите пет месеци, а медиумите највуваа и дека ќе се мажи со својот дваесет години постар колега Младен.

Деа пред само неколку дена ги тргна завоите и од ногата од која во текот на операцијата беа земени нерви за побрзо заздравување на повредената рака, за да се успее да се врати нејзината подвижност. 

- Кога си на раб да изгубиш се, многу повеќе го цениш она што го имаш. Ја ценам својата рака, без разлика на се. Секој треба да ги сака своите лузни. Толку луѓе на овој свет кои ги имаат ги носат и со нив се гордеат, зошто да не и јас? Ми рекоа дека можам да ги отстранам ласерки, но не гледам причина за тоа. Важно ми е што се функционира. Најголема лузна имам на бутот, од таму ми земаа кожа, но за неколку месеци ќе исчезне. Другите ќе останат за цел живот. Овие на раката се големи, но не ми сметаат. Моите лузни се симбол на мојата победа- раскажа неодамна Деа на темата лузни, а нејзините зборови се толку мотивирачки и храбри, што останува само да ѝ се воодушевуваме.

Фото: ATA Images