(ФОТО) Лепа Брена најпровокативна до сега

Со своите 58 години, Лепа Брена важи за една од најубавите и најнегувани жени на регионалната музичка сцена. Брена позираше во провокатовно издание за новата фотосесија, која ја најави нејзината турнеја „Зар је важно дал се пева или пјева“. 

Дел од турнејата е и Скопје, таа ќе одржи концерт во ВИП Арената „Борис Трајковски“ на 15 декември. 

Во интервјуто за Женски магазин минатата недела, таа откри дека ѝ се потребни многу одрекувања за да го одржува добриот изглед.

„ Со години наназад се научив да живеам како војник, и да бидам строга кон себе си. Јас одамна се одреков од некои животни задоволства. Научив да бидам умерена во храната и да си скратам многу работи кои претставуваат балканско задоволство. Јадам малку месо, и за себе можам да кажам дека не постам секоја среда и петок, туку постам веќе 35 години. Ако јадам месо, тоа е еднаш во неделата. Мојата исхрана се сведува на некои лесни протеини, супи, чорби, можеби некоја јапонска или тајландска храна. Секоја храна, само не оваа нашава балканска. Понекогаш ќе ми се случи да изедам некоја сарма, или некое месо, но потоа ќе се покајам, затоа што јас тоа не можам да го сварам“, изјави пејачката. 

Фото: Андреја Дамјановиќ