(ФОТО) Тато, повторно си најдобар: Лука Модриќ на црвен тепих со децата

Семејството Модриќ пристигна заедно на доделувањето на Златната топка во Париз, каде фудбалерот Лука Модриќ влезе во историјата како првиот Хрват кој ја добил оваа голема награда.

Тој веќе доби награда од УЕФА и ФИФА за најдобар фудбалер, но Златната топка е нешто посебно, станува збор за најстарата и најпрестижната фудбалска награда, која се доделува од 1956-та година, а во последните 10 години ја имаат освоено само Роналдо и Меси.

На црвениот тепих каде останатите фудбалери се фотографираа сами и строго професионално, Лука ги донесе сопругата Вања, ќерките Ема и Софија и синот Иван.

Овој голем момент за хрватскиот репрезентативец беше оковечен како што треба, со најблиските. Неговите најмили уште еднаш си потврдија дека нивниот тато е најдобар, додека насмеани се фотографираа со трофејот.