(ФОТО) Воодушевена сум: Џејми Ли Кертис за „Медена земја“

По ѕвездата од хит-серијата „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, сега и познатата холивудска актерка Џејми Ли Кертис на своите профили на Инстаграм и на Твитер ги напиша впечатоците за нашето ремек-дело, документарниот филм „Медена земја“ со кој испишавме оскаровска историја.

- Колку совршен момент за овој филм. „Медена земја“ е зачудудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум - напиша Кертис.