Ги славиме Светите маченици Тимотеј и Мавра: Ако сакате да најдете сродна душа, ова НЕ смеете никако да го правите
Македонската православна црква ги прославува овие светци на 3 мај според црковниот календар, а на 16 мај според грегоријанскиот календар.
Судбината на овие прекрасни маченици, женик и невеста, е чудна. Дваесет дена по венчавката беа изведени на суд заради верата во Христос пред Тиваидскиот намесник Аријан, во времето на царот Диоклецијан.
Тимотеј беше чтец во црквата во неговиот роден крај. „Кој си ти?“, го праша намесникот. Тимотеј одговори: „Јас сум христијанин и чтец на Црквата Божја.“ Оној, пак, му рече: „Не ги гледаш ли до тебе приготвените справи за мачење?“ Тимотеј одговори: „И ти не ги гледаш Божјите Ангели што ме крепат“.
Тогаш намесникот нареди и ушите му ги прободоа со железна прачка, така што од болка му излегоа очните зеници. Потоа го обесија главечки и му ставија во устата дрво. Мавра најпрво се исплаши од маките, но кога мажот ѝ ја охрабри и таа ја исповедаше својата вера пред намесникот. Овој нареди и најнапред ѝ ја искубаа косата, а потоа ѝ ги отсекоа и прстите на рацете. По многубројни долги маки, на коишто брзо би подлегнале да не ги крепеше благодатта Божја, обајцата беа распнати на крст еден кон друг. Висејќи на крст останаа живи цели девет дена, советувајќи се и крепејќи се еден со друг во трпењето. Десеттиот ден Му го предадоа својот дух на Господ, за Кого претрпеа крстна смрт, со што се удостоија за Неговото Царство. Чесно пострадаа за Христа во 286 година.
Според народните обичаи, денес никако не треба да ја стрижете косата доколку сакате да ја пронајдете вашата сродна душа или да ја спасите љубовта што веќе ја имате. Овој обичај го практикувале и мажи и жени.
ФОТО: денови.мк