Ѕирнете во Куќата на чудата во која и Алиса би сакала да дојде

"Ова е невозможно", викна Алиса.

"Само ако веруваш дека е" и’ одговорил лудиот шапкар!

Во салонот на КАРЕ Македонија неодамна се одржа уникатен fine-dining настан насловен како „Алекс во Куќата на чудата“. За првпат кај нас, еден салон за мебел и дизајн беше претворен во простор за ваква намена, кој ќе овозможи уживање за сите сетила.

Ексклузивната вечера и соработка беше најавена на профилите на Alex Pucci која веќе е препознатлива по вечерите на необични места и за кои секогаш постои огромен интерес, како и на профилите на Каре Македонија, но локацијата се држеше во тајност до крај.

Реакциите на присутните покажаа дека овој спој е навистина несекојдневно искуство кое ги задоволи нивните очекувања.

„Ние во КАРЕ Македонија, заедно со Алексaндра (Alex Pucci) се обидовме да покажеме дека невозможни работи не постојат! Салонот на КАРЕ на Варшавска 1 го прилагодивме за ексклузивна вечера, поканувајќи ги гостите во нашата Куќа на Чудата, како што гласи и глобалната кампања на КАРЕ за оваа година (KARE Home of Wonders).

Сакајќи да покажеме каква магија можат да направат декорациите и мебелот, се впуштивме во оваа авантура со Александра, сакајќи да им овозможиме на присутните уникатно и незаборавно искуство.

„Направивме микс на нашата кампања со „Алиса во Земјата на чудата“ и резултатот излезе навистина посебен! Благодарност до Александра и нејзиниот професионален тим, кои се погрижија присутните да доживеат несекојдневно искуство во поглед на dining делот, а ние пак, како вистински домаќини создадовме амбиент кој нема да го заборават уште долго, за што сведочат и фотографиите. Инаку, дури и кога не организираме вакви настани, нашиот салон е навистина поинаков и интересен поради несекојдневноста на дизајнот на КАРЕ, па ги покануваме сите кои досега не биле, да повелат во нашата Куќа на чудата на Варшавска 1 и да не’ запознаат!“, велат од КАРЕ Македонија.

Ве оставаме да уживате во фотографиите и видеото кои пренесуваат дел од атмосферата, која не се сомневаме дека дури и Алиса би сакала да ја доживее:

ПР објава