Како е можно Моника Белучи да е толку неверојатно убава: Ја анализираа секоја карактеристика на нејзиното лице, овој изглед е божји дар

Италијанската актерка Моника Белучи и на 59 години важи за една од најубавите жени на светот, а ласкавата титула секогаш кога ќе се појави во јавноста ја оправдува.

Нејзината убавина многумина ја опишуваат како фатална и беспрекорна, а сега има и доказ за тоа. На TikTok беше објавено видео во кое се опишани причините зошто Моника е неверојатно убава.

Имено, она што го прави нејзиното лице убаво е натпросечната ширина на вилицата, истакнатата брада и полните усни.

Исто така, нејзиниот нос е женствен и елегантен, а високите јаболчници му даваат на лицето чувство на спокојство.

„Моника има многу волумен под очите, што ја прави да изгледа блескаво. Нејзиниот предел околу очите е навистина феноменален - има зелени очи во форма на бадем, а грациозните трепки се тука за да комплетираат се", пишува во видеото.

@goldnkara #monicabelucci #belucci #vincentcassel #madisonbeer #beauty #model #adrianalima #italian #goldandkara original sound - Gold & Kara

Белучи успешно се спротивстави на шармот на естетската хирургија и е голем противник на процедурите за разубавување, а тврди дека младоста ја должи на редовната нега на кожата и правилната исхрана.

„Секако дека мојот изглед ми помогна да отворам многу врати, би било лага да кажам дека не беше. Бев срамежлива иако зборував многу, па мојот изглед им помогна на луѓето да ми пријдат. Но, убавината трае само пет минути и тоа е тоа. Она што треба да го знаете е дека по 40-тата година тие ви нудат само улоги како вештерки“, рече таа.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs