,

Last Minute Sale со попусти до 70%

Вчера, на фреквентните раскрсници низ градот, во период од 15 до 17 часот, забележавме девојки кои го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол, каде почнува шопинг манијата наречена Last Minute Sale со попусти до 70 %. И како што веќе знаеме, избор на производи за сечиј вкус и секоја возраст!
Без разлика дали вашето внимание го привлекоа девојките на раскрсниците низ градот, или текстов кој ви ја проследува тамошната атмосфера, во секој случај не треба да ја пропуштите понудата за шопинг по неверојатно ниски цени. Затоа од денес ве очекуваме сите во Скопје сити мол на Last Minute Sale со неверојатни попусти - до 70%!