Лозано доби награда на MAC, го поправи презентерот дека доаѓа од Македонија

Морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е тој додаток што го кажа пред малку. Вака Влатко Лозаноски вечерва реагираше на доделувањето на регионалните музички награди MAC кога Александар Цветковиќ-Сале од „Тропико бенд“ го најави нашиот пејач како талентирано момче од Северна Македонија, пред да му го врачи признанието за најдобра поп-фолк нумера за неговиот хит-рефрен „Мајко“.

- Сакам да ги поздравам сите Македонци кои што ме поддржуваа повеќе од една деценија. Се надевам дека нема да ми замерите што зборувам на македонски. Во неколку наврати имам слушнато дека на Јелена Карлеуша ѝ е секси јазик - рече Лозано во својот говор.